Вучиќ: Потешко е да се набави вакцина, отколку нуклеарно оружје
Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази загриженост поради снабдувањето со вакцини против Ковид-19.
Тој за ТВ Прва истакна дека разговарал со светските пријатели за набавка на нови количества вакцини.
– Денес е потешко да се набави вакцина, отколку нуклеарно оружје, изјави српскиот претседател.
Вучиќ очекува денеска да бидат вакцинирани 50.000 луѓе.
– Во светот сме деветти, но мислам дека можеме да бидеме дури и шести во следните три дена, нагласи Вуќиќ.
Според него, Србија водела паметна и одговорна политика по прашањето за пандемијата на коронавирусот, додавајќи дека „во спротивно ќе се загубеле илјадници животи“.
Вучиќ додаде дека Србија преку програмата КОВАКС добила нула вакцини, како и сите земји во регионот, бидејќи постои проблем во дистрибуцијата на вакцини во земјите од ЕУ токму преку таа програма.
– Добивме нула вакцини и веројатно ќе добиеме еден ден нешто. А без програмата КОВАКС набавивме 1.500.000 вакцини и ќе обезбедиме уште, нагласи српскиот претседател за ТВ Прва.
Ново на Сител
-
ЈО: Изборниот ден генерално помина без поголеми нарушувања и пријави
-
Силјановска Давкова: Очекувам да го зацврстам резултатот
-
Таравари: Има поткуп на гласови од оџи и од функционери на ДУИ
-
Пендаровски: Бев оптимист по првиот круг, со бојкотот се оштетуваат моите потенцијални гласачи
-
Муцунски: ДУИ загуби дупло, бојкотот не им успеа и одат во опозиција
-
Реакции на странски медиуми за парламентарните и за претседателските избори во нашава држава
-
Затворени гласачките места
-
Даштевски за Сител: Излезеноста до 18:30 за претседателските избори е 46,34%