Вучиќ: Побаравме Западен Балкан да биде изземен од одлуките за нафтата, Хрватска само го правеше тоа што го прави со децении
Србија побара Западен Балкан да биде изземен од забраната за увоз на руска нафта преку гасоводот Јанаф, но „тогаш нашите соседи се пофалија дека тие се заслужни што тоа не се случи“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, пристигнувајќи на самитот на Европската политичка заедница во Прага, јави дописникот на МИА од Белград.
– Имам информации дека оваа одлука е донесена многу порано, а ние баравме да се изземе Западен Балкан и во нацртот требаше да биде така. Тогаш нашите соседи се пофалија дека се заслужни за тоа што не дојде до изземање од таа норма за општо воведување санкции за увоз на руска нафта, рече Вучиќ.
Тој истакна дека некои земји од ЕУ, како Бугарија и Унгарија, се изземени, додека Србија не е и дека „Хрватска само си ја вршеше својата работа, што го прави со децении“.
– Што се однесува до нас, во наредниот период ќе зборувам за длабински, стратешки важни и економски и политички далекусежни одлуки, рече претседателот на Србија, а како одговор на прашање на хрватските новинари „зошто ја обвинува Хрватска, а Србија не воведува санкции кон Русија“, тој додаде: – А што се однесува до Хрватска, вие самите се пофаливте во вашите медиуми дека стоите зад тоа против Србија и ние ви честитаме за тоа.
Како што наведе, Србија ќе мора да се снаоѓа на друг начин, да плати повисока цена и тука „нема филозофија“.
– А, во однос на воведувањето или невоведувањето санкции, уште еднаш ќе ви повторам, не сте вие тие од Хрватска, ниту вие, ниту вашето раководство, кои ќе ја водите политиката на Република Србија. Политиката на Србија ќе биде предводена од граѓаните на Србија преку слободно избрани претставници и против сите оние кои мислат дека можат да и ја наметнат својата волја на Србија, рече тој.
На новинарско прашање дали може да има целосен прекин на преговорите со ЕУ, Вучиќ рече: „Не. Зошто? Мислите затоа што Хрватска инсистира на тоа? Ви посакувам многу успех по тоа прашање“.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април