Вучиќ: На Косово уапсени 23 лица, Срби и Бошнаци, претежно членови на косовската полиција
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска нагласи дека во акцијата на специјалните единици на Косово, наречени Росу, уапсени се 23 лица од српската и бошњачката националност во северниот дел на Косово, претежно членови на косовската полиција.
Според него, тоа е обид „за целосна криминализација на нашиот народ“.
Вучиќ во српскиот Парламент рече дека досега на територијата на северниот дел на Косово специјалните единици упаднале со 73 претежно оклопни возила, додека повеќе од 50 возила чекаат во јужна Митровица, 15 во општина Србица, а осум се веќе испратени во реонот на општина Зубин Поток.
– Досега се уапсени 23 лица од српската и бошњачката националност на територија на три општини – Косовска Митровица, Лепосавиќ и Зубин Поток, рече Вучиќ.
Тој потсети дека Белград имал сознанија дека тоа ќе се случи и дека на домашната и меѓународната јавност и претставниците на ЕУ на 17 мај оваа година им било предочено дека на Косово се подготвува апсење на десетици лица во северниот дел, под изговор за борба против организиран криминал и корупција, и дека тоа ќе предизвика голема вознемиреност и страв кај Србите.
-Ако постои загрозување на поредокот и животите на луѓето во северниот дел на Косово, нашата армија ќе го заштити нашиот народ, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија