Втор круг од парламентарните избори во Литванија
Литванците денеска вторпат овој месец ќе излезат на гласање за новиот состав на Парламентот, а со оглед на незадоволството од ниските плати и големиот одлив на работна сила, опозицијата очекува победа над левичарската Влада.
Во првиот круг одржан на 9. октомври конзервативната Унија за татковината освои најголем број гласови - 21,70 отсто односно 22 места во Парламентот, а зад неа е централистичката Партија на литванските селани и зелена унија со 21,53 проценти односно 21 пратеничко место.
Владејачките левичари освоија само 12,42 отсто од гласовите односно 10 пратеници, што претставува голем удар за Социјалдемократите на премиерот Алгирдас Бутеквичијус.
Од исходот од денешното гласање ќе зависи на кого ќе им припаднат 68 од вкупно 141 пратеничко место.
Во трка се и три мали политички партии што навестува комплицирани коалициски преговори следните денови.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло