Втор ден пожарот на боровата шума во Тетовско покрај пожарникарите се гасне и со воздухопловна поддршка
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека повторно, втор ден по ред, активирана е и воздухопловна поддршка за противпожарните тимови за пожарот на планината Сува Гора во шумата над селото Милетино во Општина Брвеница. Денеска дејствуваат два противпожарни авиони „Ер-трактори“ и еден полициски хеликоптер.
- Имаме активно горење на неколку краци. Пожарот гори ниско по тревата низ зимзелена шума, борова шума, предизвикува штета. Се надевам дека дрвјата ќе преживеат и нема да бидат исушени. Рано утрово почнавме со гасење со два „Ер-трактори“ на ДЗС, а дополнително ќе биде ангажиран и еден полициски хеликоптер, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Пожарот изби вчера во текот на пладнето, попладне беше изгаснат од пожарникари, но и три „Ер трактори“ и хеликоптер, но ноќта повторно се разгоре.
- И покрај обидите за контрола врз овој пожар, тоа остана неуспешно. Ветрот, кој постојано дува, го менува својот правец, како и поради и сува вегетација, како овие шишарки на земја, дополнително го отежнува гаснењето на овој пожар, изјави Ангелов.
Од разденување се работи на гаснење на пожарот, а интервенираат и вработени во ЈП „Македонски Шуми“ подружница „Лешница“.
Ново на Сител
-
Јапонската туристка што падна кај Канео во стабилна состојба
-
Пожарот во Визбегово локализиран, ЦУК бара решавање на проблемот со дивата депонија
-
Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, се чека од 30 до 45 минути
-
Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците
-
Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка
-
13-годишник со нож го прободел својот малолетен роднина
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило