Врховниот суд одлучува за Брегзит

Британскиот Врховен суд денеска ќе донесе одлука за тоа дали премиерот или Парламентот имат право да го покренат процесот за излегување на Велика Британија од ЕУ.
Единаесет судии или ќе ја поддржат претходната судска одлика Парламентот да има моќ да се повика на членот 50 од Лисабонскиот договор или ќе ја отфрлат улогата на законодавната власт во корист на Владата, која тврди дека не и треба гласот на Парламентот за да го покрене процесот.
Случаите на Врховниот суд се сметаат за најважни тестови на уставноста, бидејќи се занимаваат со централните прашања во британските закони - линијата на поделба меѓу Парламентот и извршната моќ.
Владата смета дека може да го користи исклучивото право, кое датира од средниот век за да почне процес за напуштање на ЕУ, но Високиот суд донесе одлука во ноември дека Владата не може да дејствува самостојно, без гласање во Парламентот.
Ново на Сител
-

„Евровизија 2026“: Израел ќе се натпреварува и покрај бојкотот на противниците
-

Во несреќен случај загина 28-годишниот снимател Кристијан Љушев
-

Американски конгресмен поднесе предлог-закон Гренланд да стане 51-ва сојузна држава на САД
-

Во Берово - 12 степени, на Попова Шапка 26 сантиметри снег
-

Американски сенатор поднесе тужба против Пентагон и министерот за одбрана Хегсет
-

Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица
-

Зеленски: Разузнавањето потврдува дека Русија подготвува нов масовен напад
-

ОЈО Кавадарци води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца
