Временска прогноза - Утре во Македонија слаб снег

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и студено. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Претпладне во западните планински предели се уште ќе провејува слаб снег.
Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус два, а дневната од минус два до пет степени.
Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до три степени.
Следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, особено во четврток кога на повисоките места ќе се спуштат и под минус 10 степени. Дневните температури до петок ќе бидат во благ пораст. Во петок и во недела ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег.
Ново на Сител
-

Ќе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?
-

„Работнички“ доби нова спортска сала по сите ФИБА стандарди
-

Четири години војна
-

Куќен притвор за Артан Груби
-

СДСМ: Се е однапред договорено
-

Минималната и функционерските плати во Собранието
-

Се поместува возрасната граница на пациенти со коронарна артериска болест
-

Ново возило за чистење канали во Босилово
