Вреќа марихуана пронајдена кај двајца браќа во Гази Баба

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.Д. (27) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Во понеделникот по издадена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Р.Д. на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје, каде бил затекнат и неговиот брат Б.Д. (30).
При претресот биле пронајдени една вреќа, едно најлонско пакување, еден шприц и вага кои биле одземени и дадени на вештачење. Од вештачењето било утврдено дека во вреќата и најлонското пакување има 558 грама марихуана, во шприцот има 1 мл хашиш и на вагата имало остатоци од марихуана.
Пријавениот и неговиот брат биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гази Баба.
Ново на Сител
-

Вон контрола пожарот на грчкиот остров Крит во кој загинаа двајца пожарникари, а беа евакуирани села и 29 лица по морски пат
-

Дрон удри танкер за превоз на гас во египетско медитеранско пристаниште
-

Шумски пожари предизвикаа евакуации ширум Турција додека жештината и ветрот ги разгоруваат огнените стихии
-

Зеленски понуди помош од Украина за гаснење на пожарите во Франција
-

Македонските одбојкари против Грција на отворањето на Медитеранските игри
-

Израел: Хезболах изврши прв напад со дрон по прекинот на огнот од 19 јуни
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
