Врачување на годишните награди на ДПМ за 2017
Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги врачи петте годишни награди за најдобри книжевни остварувања во 2017 година. Лауреатите ги соопшти неодамна, а наградите, традиционално, ги врачува на 13 февруари - денот на неговото основање.
Наградата за најдобро прозно дело „Стале Попов“ ја доби Јагода Михајловска-Георгиева за романот „Манастир Фуентерабија“. Ристо Василевски ја доби наградата „Ацо Шопов“ за поетската книга „Оди во кругот“, Ангелина Бановиќ-Марковска е добитничка на „Димитар Митрев“ за книгата есеи „Дискурс и екскурс“, на Васил Мукаетов му е доделена наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца - за стихозбирката „Скокни, прескокни“, а Љерка Тот Наумова ја доби годинашната награда „Книжевен мост“ за книга објавена на некој од јазиците на националностите - за „Невидлива врата“, книга поезија на хрватски - мајчин јазик на авторката.
Наградите ќе бидат врачени на свечен собир по повод 71 година од формирањето на македонската писателска асоцијација, а реч по повод годишнината ќе има нејзиниот претседател Веле Смилевски.
Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година од писателите: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле, Ацо Шопов и Блаже Конески - кој бил и прв претседател на ДПМ.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто