Врачени признанијата за најбезбедни и најчисти училишта

На трите основни и двете средни училишта кои беа избрани за најбезбедни и најчисти во учебната 2014/2015 година денеска им беа врачени признанијата.
На свеченоста присуствуваа министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ Маријане Берец.
Според министерот Адеми, училиштата мора да бидат безбедни и хигиената да е највисоко ниво за да можат непречено да се реализираат сите активности поврзани со воспитно-образовниот процес.
- Наша задача е да се грижиме за безбедноста на секое училиште, но исто така, заедно работиме и на подигнување на свеста на учениците кога станува збор за одржување на хигиената во нивните училници, во училишните дворови и училишните спортски сали, рече Адеми.
Амбасадорката на ОБСЕ посочи дека постојат многу причини училиштата да бидат безбедни и чисти.
- Сега имаме навистина добри примери на соработка меѓу учениците, родителите и наставниците и се надевам дека тие примери ќе ги следат и останатите затоа што добрите практики ќе станат дел од културата. Познатиот филозоф и наставник Аристотел рекол дека добрите практики кои се креираат во младоста ја прават целата разлика, рече амбасадорката Берец.
Во конкуренција на 18 основни и шест средни училишта за најбезбедни беа избрани ОУ „Владо Кантарџиев“ од општина Гевгелија, ОУ „Климент Охридски“ од село Драчево и ООУ „Климент Охридски“ од Македонски Брод. Од средните училишта избрани беа СУГС „Владо Тасевски“ и СУГС „Никола Карев“.
Натпреварот „Најбезбедно и најчисто училиште“ се спроведува втора година по ред од страна на Министерството за образование и наука и ОБСЕ.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
-

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска
-

Србија/Избори: Партиите се изјаснуваат дали ќе учествуваат на изборите или ќе ја поддржат Студентската листа
-

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата
