Вработените во училиштата во Словенија ќе добијат отказ ако одбијат да се тестираат за Ковид-19
Наредната недела во Словенија започнува новата учебна година, а директорите на училиштата добија упатство по кое доколку вработените одбијат да се тестираат против коронавирусот или одбиваат да носат маски, може да биде причина за отказ, пренесува Блиц.
За сите вработени во училиштата на слага е условот ПВТ (преболени, вакцинирани, тестирани), што значи дека оние кои не се вакцинирани или прележани ќе мораат секоја недела да се тестираат, објавија од Министерството за образование на Словенија.
Неоправданото одбивање на тестирање ќе се смета да кршење на задолжителниот работен однос, што ќе значи дека вработените ќе добијат предупредување пред отказ или веднаш ќе бидат отпуштени од работа. Истото важи и доколку тие одбијат да носат маска за време на предавањата.
Од друга страна, доколку ученик не носи маска, нему не смее да му се забрани влез во училиштето, но директорот за тоа однесување на детето мора да ги извести неговите родители, а случајот ќе биде предаден на инспекцијата.
Состојбата со коронавирусот во Словенија повторно се влошува, а до крајот на неделата таа ќе влезе во „црвената зона“.
Ново на Сител
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти
-
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар
-
Пожарот на планината Плачковица се гаси од воздух
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци, 51 санкционирани возачи на мотоцикли
-
Приведени возачи од Битола и ресенско, возеле со 1,87 и 1,86 промили алкохол во организмот
-
Без активно жариште пожарот на Кипар
-
Активни седум пожари - гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, стрништа