-->
-->
Вработена на аеродром „Александар Велики“ добивала закани по телефон
-->

На ТАВ Аеродром Александар Велики-Скопје, вчера вечерта на телефонот за информации, со кој оперирала вработена во ТАВ инфо-служба, од страна на засега непознато лице добила анонимен телефонски повик со закана.
По добивање пријава за настанот, полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот.
Неофицијално лицето се заканило со зборовите „Сите во воздух ќе ве кренам“.
- Од страна на ИТ – службата на ТАВ бил утврден телефонскиот број од лицето кое се заканувало. Од страна на полициски службеник остварен е контакт со лицето и при разговорот истото одбило да го каже својот идентитет и продолжило со истите закани, информираат од МВР.
Од полицијата преземаат мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
-

Засилени акциските контроли во водите на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер на МСПДМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
