Македонија
5. December 2025 - 12:46

Возовите на релација Скопје - Велес - Скопје, Скопје - Битола и Жабени - Скопје нема да сообраќаат од 11 декември до 10 јуни 2026

Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје - Зелениково, од 11 декември 2025 до 10 јуни 2026 година нема да сообраќат повеќе возови.

-Нема да сообраќаат следниве возови:

-возот број 601 на релација Скопје - Велес, со време на тргнување во 8:00 часот

-возот број 2081 на релација Скопје - Велес со време на тргнување во 13:20 часот

-возот број 643 на релација Скопје - Битола, со време на тргнување во 14:30 часот

-возот број 2080 на релација Велес - Скопје, со време на тргнување во 12:10 часот

-возот број 2082 на релација Велес - Скопје со време на тргнување во 14:24 часот

-возот број 642 на релација Жабени - Скопје, со време на тргнување во 11:15 часот, се наведува во соопштението од Железници на Северна Македонија - Транспорт АД-Скопје.

 

МИА