-->
-->
Возел со 2,61 промили алкохол во крвта - приведен возач од струшко
-->

Полицијата синоќа го лишила од слобода Д.Б.(60) од струшко Пискупштина на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Кореа“. По преземени мерки било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека има 2,61 промили алкохол во крвта.
Како што информира МВР, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „застава“ со струшки регистарски ознаки.
Возачот бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
