Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен бил од слобода возач на автопатот Неготино – Стоби, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера во 14:22 часот, на автопатот А1 Неготино – Стоби, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода М.Н., на возраст од 55 години од Република Србија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со српски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 120 километри на час, појаснија од СВР – Велес.
Притоа додадоа дека по насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе била поднесена соодветна пријава.
MИА
Ново на Сител
-

АХВ со засилени контроли во пресрет на велигденските празници
-

Од утре до петок врнежи од дожд, а на планините од снег
-

МВР со детали: 27-годишникот што ја уби својата мајка сам се пријавил во полиција
-

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
