-->
-->
Возач на четирицикл од Куманово тешко повреден во Кавадаречко
-->
Кумановец кој управувал четирицикл на некатегоризиран пат бил тешко повреден во Кавадаречко, информираа денеска од Сектор за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 18:25 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во 16:30 часот во село Рожден, кавадаречко, С.С.(45) од Куманово, управувајќи четирицикл на некатегоризиран пат во селото како дел од авантура организирана од здружение на граѓани на подрачјето од село Мрежичко кон Рожден - Трибор - караула Пуљевац - Мајден и завршува до Мрежичко, паднал од четирициклот, појаснија од СВР Велес.
Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид бил извршен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп не сакаше да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни објекти
-
Седници на неколку собраниски комисии
-
Капчан: По глобалните неуспеси, Трамп би можел да се сврти кон Србија и Косово
-
Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на коњичките трки „Ројал Аскот“
-
По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“
-
Влада: 50-тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи
-
ФА: Мудрик пред четиригодишна суспензија
-
Гвардиола го избра Силва за нов капитен