Востановена награда „Державин“ за поетска книга од член на ДПМ
Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ востановува годишна награда „Державин“ за поетска книга од автор кој е член на Друштвото на писателите на Македонија, по повод претстојниот јубилеј 70 години од формирањето на македонката писателска асоцијација.
- Паричните средства за наградата, во висина од 500 евра, ќе ги обезбедува универзитетот како трајна донација, а Друштвото на писателите ќе учествува во стручниот дел со тричлена жири-комисија која ќе ја донесува одлуката за ова признание. Наградата „Державин“ првпат ќе биде врачена во втората половина на септември оваа година на Славјанскиот универзитет во Свети Николе, соопшти ДПМ.
Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, кој има пет факултети, почна со работа во 2004 година во Свети Николе, а во 2006-та ја прошири дејноста и во Битола. Тој е корпоративен универзитет со истоимениот државен универзитет во Руската Федерација.
Ново на Сител
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата
-
Претежно сончево и потопло