Вонредна временска прогноза, големо невреме за празниците
Времето за претстојните празници ќе биде променливо. Утре се очекува повремен слаб дожд, особено претпладне, во сабота сончево со температура до 25 степени, а во недела попладне повторно ќе има врнежи.
Повеќе и поинтензивни врнежи УХМР најавува во понеделник кон вторник, а не е исклучено да има и над 50 литри на метар квадратен воден талог.
Утре ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец и температура од четири до 18 степени, додека задутре претежно сончево со појава на мала до умерена облачност, но главно стабилно и потопло време со дневни температури од 18 до 25 степени.
Од недела попладне ќе има локална појава на дожд со ретки грмежи кои наместа ќе бидат поројни, особено кон крајот на денот и во вечерните часови.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости