Вонредна прогноза: Циклон доаѓа кон Македонија - подгответе се за невреме и многу грмежи
Денескa во пладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност кој ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја во западна Македонија, информираат од УХМР.
Утре попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса од северозапад, како и висински циклон, што ќе предизвика во текот на следната работна недела времето да биде променливо, во некои денови и претежно облачно, свежо и ветровито.
Утре попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд силни електрични празнења и силен ветер.
Потоа, во следните денови ќе има повторно обилни врнежи од дожд наместа проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер. На повеќе места врнежите ќе бидат изобилни.
Температурата на воздухот во вторник ќе биде за 10 тина степени пониски во споредба со денешната, а од четврток ќе има постепен пораст.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје