Вонреден самит на ЕУ по грчкото „не“

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд за утре свикаа вонреден самит на ЕУ посветен на Грција.
Како што јавија грчките медиуми, официјален Берлин соопшти дека двајцата лидери се договориле оти одлуката на на грчкиот народ „мора да се почитува“.
Грчкото Министерство за внатрешни работи синоќа соопшти дека врз основа на 71,86 отсто преброени гласови, „не“ гласале 61,53 од граѓаните, додека позитивно се изјасниле 38,47 проценти од гласачите.
На референдумот гласале 61,32 проценти од Грците со право на глас.
- Грчкиот народ денеска одговори на вистинското прашање. Грција од утре ќе се врати на преговарачка маса, но овој пат со прашање за реконструкција на долгот. Нема лесни решенија, туку фер и остварливи решенија, доколку ги сакаат двете страни, изјави синоќа грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Ципрас синоќа по референдумот и телефонски разговарал со Оланд, но други детали не се соопштуваат.
Лидерот на најголемата опозициска партија Нова демократија Андонис Самарас по резултатите од референдумот поднесе оставка. Тој го повика заменикот претседател на партијата и поранешен спикер на грчкиот Парламент Евангелос Мимаракис привремено да ја води партијата.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
