-->
-->
Волонтери на Црвениот крст на летен камп во Кокино
-->
Четириесетина волонтери од општинските организации на Црвениот крст од Куманово, Крива Паланка, Карпош и Велес учествуваа на традиционалниот летен камп кој се одржа во Кокино од трети до седми јули во организација на кумановскиот Црвен крст.
Надлежните од организацијата, денеска информираа дека волонтерите се обучувале на повеќе теми- запознавање на младите со активностите на Црвениот крст, социјално- хуманитарна дејност, здравствено- превентивна дејност, ХИВ, СИДА и комуникација и говорништво.
-Обуките ги држат наши претходно обучени волонтери. Кампот се организира секоја година, но на различни теми. Сметаме дека изборот на годинешнаве теми е одличен, бидејќи, соодветствува со потребите и општото инфорирање на младите. Волонтерите на четиридневниот семинар се обучија како да извршат проценка, како да пружат неоходна помош на граѓани на терен како да постапат при одредени ситуации, истакна Бојан Петрушевски, секретар на кумановскиот Црвен крст
Волонтерите во општинската организација на Црвениот Крст најчесто доаѓаат од средношколска и студентската возраст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје