-->
-->
Волкот и Казорла со нови договори со Арсенал
-->
Премиерлигашот Арсенал потпиша нови договори со своите фудбалери Тео Волкот и Санти Казорла. Всушност двајцата играчи ја продолжија верноста кон „топџиите“. - Двајцата се врвни фудбалери, кои се важни за тимот. Задоволен сум што потпишаа нови договори бидејќи така се обезбедува квалитет, истакна менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.
Волкот потпиша договор на уште четири години, а тој во клубот е од 2006 година кога дојде од Саутемптон и е со најдолг стаж од сите играчи од актуелниот состав. Има одиграно повеќе од 300 натпревари и постигнато 76 голови.
Казорла во Арсенал дојде во 2012 година од шпанската екипа Малага и на 148 натпревари постигна 27 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Опозицијата точно знаела која е Давор Мацура
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Надзорна расправа во Собранието за Алта банка: Опозицијата бара одговори од власта
-

Мицкоски и Филипче со спротивставени толкувања за Алта банка
-

НБРМ поднесе кривични против функционери на СДСМ за Алта банка
-

Македонска организација се најде на египетска терористичка листа на организации
-

Четири тинејџерки одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишното девојче од Ѓорче Петров
