Волкер: Можен е договор меѓу Србија и Косово оваа година
Можно е Србија и Косово оваа година да постигнат договор за нормализирање на односите и тоа ќе зависи од политичката поддршка која ќе ја имаат лидерите во двете земји, изјави Курт Волкер, поранешен американски амбасадор во НАТО и сегашен специјален претставник на САД за Украина.
Волкер оценува дека не е потребно враќање во минатото и оти договорот е важен за двете страни поради стабилноста и патот кон ЕУ.
Тој истакна дека лично нема ништо против идејата за корекција на границите.
– Зависи од тоа што ќе одлучат двете земји. Постои правило, согласно договорот и други документи, границите не смеат да се менуваат на сила, како руската анексија на Крим. Тоа не смее да се случи. Но ако двете земји се договорат така во преговорите, како отцепувањето на Словачка од Чешка, тогаш ние останатите мора со тоа да се согласиме и да го почитуваме, нагласи Волкер.
Ново на Сител
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници