-->
-->
Волф постави нов рекордер ракометен трансфер
-->

Голманот на германската ракометна репрезентација Андреас Волф (26 години) стана најскапиот ракометар на светот откако полскиот тим Киелце за сума од околу три милиони евра го откупи од бундеслигашот Кил. Европскиот првак од 2016 година (Киелце) ја плати сумата за обештетување, а Волф ќе биде и најплатениот играч со годишни примања од еден милион евра.
Досега рекордер според примањата беше Никола Карабатиќ со двојно помалку од Волф, а со овој трансфер е надмината и сумата со која Французинот Никола Карабатиќ премина од Барселона во ПСЖ за 1,8 милиони евра.
Волф со Кил имаше договор до 2019 година, но тој следната сезона ќе застане на голот на полскиот тим. Волф на последното Европско првенство (2016 година) беше прогласен за најдобар голман на шампионатот, кога неговата репрезентација го освои златниот медал, додека од Олимписките игри во Рио е освојувач на бронзен медал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
-

ССМ утре на протест ќе бара зголемување на платите за 6.000 денари
-

Седум компании покажале интерес за инвестирање во дата центри
