Војската на Зимбабве ги притвори Мугабе и неговата сопруга

Војската на Зимбабве соопшти денеска дека ги држи во притвор претседателот на земјата Роберт Мугабе и неговата сопруга Грејс, како и дека ги обезбедува владините згради и патролира низ улиците на главниот град Хараре.
Претходно, војниците го уапсија и министерот за финансии Игнатиус Чомбо, откако ја зазедоа власта во обид да се справат „со криминалците околу претседателот Роберт Мугабе кои им причинуваат социјално и економско страдање на луѓето“, соопшти владин извор.
Воени возила блокираа улици пред Парламентот откако армиски генерали демантираа дека е извршен државен удар.
Во обраќање на националната телевизија тие наведуваат дека нивна цел се „криминалци“ блиски на претседателот Роберт Мугабе.
Според западни медиуми, војници пренасочуваат автомобили кои се движат во близина на Парламентот додека армиски возила се стационирани и пред канцеларии на владејачката партија ЗАНУ-ПФ во главниот град Хараре.
Ново на Сител
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
