Војдан Стојановски: Најважно е да се воиграме добро
Најискусен во нашата кошаркарска репрезентација е Војдан Стојановски, кој воедно е и капитен на селекцијата која ќе настапи на квалификациите за ЕП 2017.
Капитенот Војдан Стојановски за текот на подготовките напомена:
- Работиме напорно, а сега ќе следува периодот каде ќе играме и натпревари и потребно е да го имаме потребниот ритам и најважно да избориме пласман на Европското првенство. На овие контролни дуели најважно ќе биде добро да се воиграме, а резултатот нема да биде во прв план.
Македонија на 5 и 6.август ќе одигра два пријателни натпревара со Бугарија, а првиот дуел од квалификациите Македонија го игра на 31.август дома со Луксембург. Противници на нашите кошаркари се уште и селекциите на Велика Британија и на Унгарија, а Македонија сите натпревари како домаќин ќе ги игра во Кавадарци.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена