Водокрст во црквата Света Богородица во Тетово

Со света архиерејска литургија и осветување на водите денеска во црквата Света Богородица во тетовско Горно Маало се одржа традиционалната прослава на празникот Водокрст што се одбележува еден ден пред празникот Богојавленије.
Црковниот чин го изврши митрополитот тетовско гостиварски господин Јосиф во сослужение на повеќе свештеници од тетовското архиерејско намесништво на МПЦ–ОА.
– Овој празник е востановен во спомен на луѓето што го примиле христијанството од првите векови на нашата вера. Во црквата има две големи осветувања на водите, денеска и утре кога се сеќаваме на крштевањето на господ Исус Христос и што претставува симболично очистување на гревовите но и очиствување на природата. И при секое крштевање се врши голем водосвет додека малиот водосвет се врши во други црковни прилики како и по барање на самите верници и во зависност од условите тоа може да се врши во секое време и на секое место, рече господин Јосиф.
Најсреќен од трите момчиња кои скокнаа по крстот во црковниот базен од дворот во црквата Света Богородица беше 29-годишниот Драгиша Јовановски од тетовската наслеба Блок 70.
– Многу сум среќен што успев да го фатам крстот. Досега сум скокал шест пати по крстот, а ова ми е втор пат да ми се посреќи и да успеам да го фатам. На сите им посакувам многу среќа и духовен мир рече Јовановски.
Одбележувањето на овој празник има корени уште од крајот на деветнаесеттиот век кога за време на отоманското владеење пропагандите на околните држави влијаеле на поделбата на македонскиот народ во Тетово, што довело до тоа и крстот да го фрлаат во два различни денови. По повеќедецениски прекин оваа специфична традиција била возобновена во 1987 година и како таква призната и од Црквата.
Централната прослава на празникот Водици во Тетово утре ќе се одржи во Соборниот храм Светите Кирил и Методиј, а овој празник ќе биде одбележан и во сите околни населени места со осветување на водите и фрлањето на крстот во базените од црковните дворови или реките што минуваат низ тетовско.
Ново на Сител
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
-

Реализирани над 65 проценти од проектот за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром
-

ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Кина: Почнавме специјална поморска операција во близина на Тајван
-

Приведен 40-годишен жител на Свети Николе, пронајдени марихуана и семки од канабис
