Вода од градскиот водовод на Кочани за Чешиново-Облешево

Водоснабдителниот систем во општина Чешиново-Облешево деновиве ќе биде приклучен на градскиот водоснабдителен систем на Кочани, од каде четири населени места од општината ќе се снабдуваат со чиста вода за пиење.
Завршена е изградбата на главниот крак на водоводот во должина од 3.200 метри, при што се изградени и сите потребни придружни објекти, водоводни шахти и хидрантски приклучоци на потегот од приклучната шахта кај село Долни Подлог.
- Со чиста вода за пиење ке се снабдуваат жителите на Облешево, Чифлик, Чешиново и Уларци или околу 3.000 жители. Со средствата кои општината ги доби од Министерството за финансии се реализира последната фаза од проектот, приклучување на водоводната мрежа со главниот довод кај селото Подлог. Изведувач на работите е компанијата „Вато“ ДОО – Скопје, изјави Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново-Облешево.
Личков појасни дека потпишале договор со општина Кочани и Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ за приклучување кон водоводниот систем со што, како што рече, проблемот ќе биде целосно решен.
Средствата за реализација на овој проект се обезбедени преку Министерството за финансии како под заем во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP), како и со дополнителни финансиски средства на општината, со што вредноста на проектот изнесува околу 20 милиони денари.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
