Во завршна фаза изградбата на градскиот пазар во Гевгелија

Во пресрет на Денот на осамостојувањето на Македонија, градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов денеска најави завршување на изградбата на градскиот пазар, кој се наоѓа во фаза на бетонирање на подната плоча по што веднаш ќе следи и неговото покривање.
- Се гледа крајот на изградбата на овој значаен проект за нашата општина, за кој веќе распишавме и тендер за набавка на нови тезги. Очекувам за месец до два, новиот пазар во Гевгелија да го добие својот завршен изглед, истакна Франгов.
Покрај ова, тој додаде дека во завршна фаза се наоѓаат уште неколку важни инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење во општина Гевгелија.
- Привршува изградбата на клучката кај „Милци“ која моментно се тампонира. Најмногу за еден месец ќе следи афалтирањето на новите улици на овој потег кои ќе овозможат полесен и поголем сообраќаен проток пред граничниот премин „Богородица“, рече Франгов и додаде дека општина Гевгелија ќе распише тендер за уредување и на горниот тек од одводниот канал „Рауљ“ кој не беше опфатен со ИПА грантот кој овозможи регулација на долниот тек од каналот до влезот во реката Вардар.
Ново на Сител
-

Безбеден град: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце
-

Вучиќ: Наскоро српската армија ќе има 40 борбени авиони
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“
-

ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола
-

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
-

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци
-

Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село
-

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци
