Во задолжителен карантин докторка и 6 медицински сестри од Струга

Медицинска сестра од интерното одделение во Струга е позитивна на Ковид-19. Тоа го покажале резултатите од брисот кој бил земен на трети април, но резултатите пристиглале на деветти. Медицинската сестра која е прв инфициран здравствен работник од струшко, претходно била во контакт со некоја од првите заразени пациентки кои лежеле на нивното одделение.
После добиениот резултат од тестот кој е извршен кај медицинската сестра, која е изолирана од први април во домашна изолација, од моја страна е повикана докторката од епидемиолошката служба. Таа го анкетираше целиот медицински персонал кој бил во контакт со медицинската сестра и по нејзиниот извештај, исклучени се шест медицински сестри и една докторка во домашна изолација. Другиот персонал според нејзината анкета е со низок ризик и тие продолжуваат со работа. Направена е веднаш дезинфекција на целиот оддел, вели директорот на општата болница во Струга, Мухамед Асани.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
