Во Виница гостуваше Велешкиот театар со претставата „Класен непријател“

Во организација на Домот на културата „Тошо Арсов“ синоќа во Виница гостуваше Велешкиот театар кој ја изведе претставата „Класен непријател“ по текст од Најџел Вилијамс, а во режија на Теа Беговска.
- Се работи за познат драмски текст кој ја третира социјалата меѓу луѓето не само во класна, туку и во животна и човечка смисла. Ликовите во претставата се тешки бидејки се со големи социјални проблеми. Изведбата на претставата е продолжение на соработката што ние како Дом на културата од Виница ја имаме веке неколку години со Велешкиот театар, изјави Славко Данев, директор на Домот.
Во претставата настапија дванаесетина артисти на Велешкиот театар кои преставата ја прикажаа во најубаво светло, за што виничката публика ги награди со долготрајни аплаузи.
Гостувањето на театарските уметници од Велес е од посебно значење за развојот на театарската уметност во овој град, во кој се прават обиди да заживее театарот со ангажирање на професионални актери и артисти.
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
