Во Виена приведени 14 луѓе поради учество во пропалестински протест

Четиринаесет луѓе синоќа беа уапсени во Виена пред финалето на Избор на песна за Евровизија поради учество во пропалестински протест во близина на настанот.
Според полицијата, приведените учествувале во непријавен протест поради учеството на Израел на Евровизија и ја прекршиле забраната за носење маски за лице.
Демонстрантите се собраа на скалите од главната Градска библиотека, извикувајќи слогани и држејќи транспаренти. Откако полицијата растера една група, набрзо на истото место се појави друга група. Библиотеката се наоѓа на метростаница во близина на виенската Штадхале, каде што се одржуваше Евровизија.
Претходно во Виена протестираа неколку илјади луѓе поради учеството на Израел. Според полицијата, протестот поминал мирно, без сериозни инциденти и без апсења.
Победник на овогодишната Евровизија е бугарската пејачка Дара со песната Бангаранга.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори
-

Со пиштол сопреле автомобил и ограбиле татко и син кај Сарај
-

Вработени во МВР останаа без здравствено, ФЗО вели дека не им се платени придонесите
-

28-годишен тетовец ги пријавил баба му и дедо му дека му украле 3,5 милиони денари
-

Хорор во Шутка: Улично куче искасало 18-месечно дете, родителите бараат итна реакција
-

МВР: Приведени три лица, расчистено пукањето од 8 август во тетовскиот регион
-

„Вашингтон пост“: Трамп тајно ја напуштил Турција со трет авион поради иранска закана
-

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
