Во Велес зголемен бројот на деца со овчи сипаници
Според податоците на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Велес, во текот на октомври и ноември, зголемен е бројот на мали деца заболени од овчи сипаници или варичела.
Според информацијата од епидемиологот Билјана Трајкова од оваа јавна здраствена установа, во Велес во октомври биле регистрирани 114 заболени, а од почетокот на ноември до денеска се регистрирани 85 заболени главно мали деца на возраст до шест години.
- Тоа се деца кои болеста не ја прележале во изминатите две години, а поголем дел од нив одат во градинка, бидејќи болеста е заразна и лесно се пренесува. Нема места за паника бидејќи болеста се лекува со соодветен третман главно во домашни услови, истакна Трајкова.
Таа потсети дека подобро е болеста да се прележи во раните детски години, бидејќи во пубертотот е опасна посебно кај машките деца и може да остави последици.
Посочи дека оваа заразна болест која е предизвикана од зостер вирусот спаѓа во групата на херпес вирусите.
- Болеста се карактеризира со осип на кожата и чешање, зголемена температура, општа слабост, губење на апетитот, повраќање и умор. Црвениот осип по целото тело треба да се мачка исклучиво со течен пудер од аптека, додаде Трајкова.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна