-->
-->
Во Велес заврши етно работилница за копаничарство и резбарство наменета за основците
-->

Во куќата на Касапови во стариот дел на Велес заврши со работа првата копаничарско-резбарска етно работилница наменета за велешките основци, во организација на Здружението на граѓани „Разбој“ под покровителство на Општина Велес.
Филип Спирковские млад копаничар од Велес, кој заедно со својот повозрасен и поискусен колега Љубомир Бисин, во изминатите 15-тина дена ја водеше работилницата, потенцира дека имало голем интерес за учество на велешките основци.
- Во оваа прва етно работилница за копаничарство и резбарство имаше голем број на пријавени, но поради малиот простор на работилницата и неопходниот алат годинава замаа учество 18 основци.Учениците од 15 јуни до денеска вредно работеа и навлегоа во основите на овој древен занает. Тие изработија десетина дела - резби на ореово дрво кои денеска ги лакираа, а потоа и ќе ги врамиме и презнетираме на јавноста.Најважно е што е постигната целта, за продолжување на овој древен занает - копаничарството меѓу младите генерации, потенцира Спирковски.
Инаку, во неколкуте спомен куќи во стариот дел на Велес пред неколку дена завршија со работа и традиционалните седми по ред етно работилници за ткаење, плетење, столарство, грнчарство и изработка на накит.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
