Во Велес ќе биде погребана македонската поетеса Павлина Климкар Меанџиева
На градските гробишта во црквата „Св Спас“ во Велес денеска ќе биде погребана Павлина Климкар Меанџиева, една од најплодните македонски поетеси и професор по македонски јазик и литература во СОУ „Коле Неделковски“ во Велес од каде и се пензионира.
Имаше објавено над 25 стихозбирки,а нејзината поезија е застапена во повеќе антологии преведена е и се чита на англиски, германски, француски, српски, влашки и албански јазик.
Добитник е на многу награди и признанија, како и на први, втори и трети места, на Деветтоноемвриската плакета на Велес и високата награда за животно дело „Гемиџии“.
Беше член на ДПМ од 1995 година и на велешкиот Литературен клуб „Коста Солев“.
МИА во своите написи редовно и детално информираше за издавањето на секоја нејзина стихозбирка, а последниот напис беше на 23 јануари јануари годинава кога во Народниот театар се одржа и целовечерен партрет и разговори со писателката, а беа интерпретирании стихови од нејзините бројни стихозбирки.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа