Во Украина пристигна првиот странски брод од почетокот на војната, ќе биде натоварен со жито
– Во Украина денеска пристигна првиот странски товарен брод од почетокот на војната во февруари и ќе биде натоварен со жито, изјави украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков.
Украина повторно почнува да извезува жито, согласно договорот постигнат со Русија, со посредство на Турција и ОН, чија имплементација ја надгледува Заедничкиот координативен центар во Истанбул. Кубраков рече дека товарниот брод Fulmar S, кој плови под знамето на Барбадос, се наоѓа во пристаништето во Чорноморск.
„Правиме се што е можно за да се осигураме дека нашите пристаништа можат да примаат и обработуваат повеќе бродови. Прво, планираме да достигнеме ниво од најмалку три до пет бродови дневно за две недели“, напиша тој на Фејсбук.
– Украина планира да извезува три милиони тони жито месечно од пристаништата на Црното Море, рече тој.
Околу 20 милиони тони жито од лани се уште се блокирани во земјата.
Ново на Сител
-
Во март 79 отсто од потрошената струја од домашни извори
-
Мицкоски: Очекуваме поддршка од сите што се потпишани Гаши да биде претседател на Собранието
-
Димитриевски: Ќе го поддржиме Гаши за претседател на Собранието
-
Земјотрес регистриран во Скопје
-
Пожарникари од Радовиш цела ноќ гаснеле опожарена дабова шума, пожарот се уште активен
-
Во Битола пронајдени 1408 пушки од балканските војни
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени