-->
-->
Во училиште го тепале и малтретирале, па одлучил да стане жена!
-->
Момчето Брендон Морисон (17) од Калифорнија секојдневно трпел навреди и удари од останатите ученици од класот и поради тоа паднал во депресија и му било страв да оди во училиште.
Меѓутоа, откако станал русокоса Брирни Каејд неговата самодооверба нагло пораснала, а сега сонува за кариера како модел и пронаоѓање на вистинска љубов, пишува Дејли Меил.
- Пред да станам Бритни животот ми беше беден, но сега се чувствувам позитивно кога размислува за иднината. Би сакала да запознаам некого со кого ќе го поминам животот, вели Бритни.
Таа вели дека од мали нозе чувствувала дека не припаѓа во телото во кое што е родена, додека нејзината мајка Стаци Морисон (33) беспомошно гледала како нејзината ќерка се бори со својот идентитет.
-Го сфатив тоа на 3 - 4 години додека си играв со кукли, играчки за девојчиња, а не за момчиња. Ги потиснував ти чувства, додава Бритни.
- Видов што се случува уште кога беше мала, кога ги облекуваше моите потпетици или сакаше да и купам халина. Ме болеше тоа, вели нејзината мајка.
Од година во година работите биле се полоши и полоши, па училишните другари ја тепале, влечеле за коса, што било причина на 15 години да го напушти училиштето и да почене да се школува дома.
На мајката и очувот им открила дека е трансексуална личност една година предходно, а со нивна целосна поддршка, кога наполнила 15 години почнала да зима женски хормони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат