-->
-->
Во Турција работат речиси еден милион деца
-->
Бројот на деца кои работат во Турција е речиси еден милион, објави „Хуриет дејли њуз“.
- Во понедленикот во Турција почна новата учебна година, но и покрај тоа околу еден милиони деца се принудени да работат, наведува весникот.
Според турскиот Синдикат во образовението, половината од децата кои работат се во земјоделието, каде им помагаат на своите семејства.
Седумдесет и четири отсто од децата на возраст меѓу шест и 14 години работат во сферата на земјоделието, 16 отсто во услуги и осум во индустријата.
Децата на возраст меѓу шест и 14 години работат по 28 часа неделно, а тинејџерите (15-17 години) работат по 45 часа неделно.
Децата кои не одат на училиште работат во просек по 54 часа неделно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло