Во Турција по обидот за пуч издаден втор налог за апсење на Ѓулен
Обвинителството во Измир издаде налог за апсење на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на обидот за пуч на 15 јули, јави турската телевизија НТВ.
Според информациите на телевизијата, Ѓулен е обвинет за предводење на терористичка организација, обид за атенат врз претседателот, обид за насилно соборување на Владата и поддршка на намерно убивање на над 240 лица.
Вчера и истанбулски Суд издаде налог за апсење на Ѓулен по обвинение за организирање на обидот за пуч на 15 јули.
Турските власти бараат екстрадиција на Ѓулен, кој живее во Пенсилванија од 1999 година. САД побараа докази за вмешаноста на Ѓулен во обидот за пуч. Судскиот процес против Ѓулен и над 70 главни учесници во обидот за преврат е закажан за крајот на ноември.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа