Во Турција издаден налог за апсење на 100 поранешни полицајци
Турските власти денеска издадоа налог за апсење на 100 поранешни полицајци и досега се приведени 63, објавија турските медиуми.
Безбедносните сили трагаат по осомничените во 19 провиниции ширум Турција.
Апсењето е наложено бидејќи постои сомнеж дека поранешните полицајци наводно ја користеле апликацијата „БајЛок“ за испраќање кодирани пораки, за која турската Влада смета дека била користена од движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кое Анкара го обвинува за организирање на обидот за пуч.
Од јули минатата година турските власти уапсија повеќе од 50.000 луѓе, кои се соочуваат со судски процеси поради обвинување за поврзаност со Ѓулен, додека 150.000 луѓе се сменети или суспендирани од работните места во војската и во јавниот и приватниот сектор
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата