Во Трубарево и Брњарци измами со набавка на дрво за огрев

Две лица се измамени во врска со дрво за огрев. На двете лица им било ветено дека ќе добијат дрво, а откако ги платиле парите, останале и без пари и без дрво.
Едниот случај е во селото Трубарево, а другиот во село Брњарци.
В.П. (67) од Трубарево вчера во 15 часот пријавил во полициска станица „Гази баба“ дека истиот ден околу 14 часот од страна на напознато лице извршена му е измама при што му биле одземени 200 евра.
В.П. му кажал на сторителот дека сака да купи дрва од него, но оти прво да ги види. Тие се упатиле кон камионот каде што се наоѓале дрвата. Во меѓувреме сторителот се вратил во домот на пријавителот и од сопругата на В.П. одзел 200 евра со изговор дека така кажал нејзиниот сопруг по што заминал во непознат правец.
Ј.М. (55) од Брњарци пријавила дека завчера во времето од 12:00 до 13:00 часот била измамена од страна на непознато лице при што и биле одземени 5.000 денари.
Измамата е извршена од страна на непознато лице на тој начин што пријавителката му дала пари за да и донесе огревно дрво и откако и рекол дека веднаш ќе и ги донесе дрвата заминал во непознат прваец.
Се преземаат мерки за расчистување на двата случаја.
Ново на Сител
-

На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница
-

Лажно се претставил како лекар и измамил 67-годишна жена за 12.400 евра.
-

Макрон, Мерц и Стармер го осудуваат „убиството на демонстранти“ во Иран
-

ЦУК: Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта и поплави на повеќе места во државава
-

Родригез: Венецуела ќе се спротивстави на агресијата на САД преку дипломатски средства
-

18 годишникот кој усмрти жена кај ТЦ Беверли Хилс заедно со неговиот татко избегал од државата
-

Партиите од Гренланд: Не сакаме да бидеме Американци
-

Австралија се бори со најлошите шумски пожари од „Црното лето“
