Во тетовскиот регион 58 сообраќајни несреќи во јануари

Еден загинат, еден тешко повреден и 44 лица со телесни повреди како и материјална штета од над два милиони и седумстотини илјади денари, се последиците од вкупно 58 сообраќајни несреќи што во јануари се случиле на патиштата во Тетово и тетовско, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Бројката на сообраќајки е за десет поголема во однос на истиот период лани.
Според полициските податоци, најмногу од несреќите, односно 33, се случиле во населени места, а останатите 25 на отворен пат додека сообраќајно најризични и натаму остануваат тетовските улици и автопатот. Најчести причини за овие сообраќајки се неприлагодена брзина и пребрзо возење (18 несреќи), неправилно вршење дејство (6), недавање првенство (5), недржење растојание (2), недржење страна (2 ) итн.
- Во овој период регистрирани се и 12 излегувања односно излетувања од коловоз како последица на неприлагодување на брзината според условите на патот и пребрзо возење, а четири несреќи биле предизвикани од животни пред се кучињата-скитници кои неконтролирано се движеле по автопатот Гостивар-Тетово-Скопје како резултат на нефункционалната заштитна ограда долж оваа сообраќајница, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
