Во тек е масовна евакуација од Нагорно-Карабах, во Ерменија влегле 13.550 луѓе
Во тек е масовна евакуација од Нагорно-Карабах, во Ерменија влегле 13.550 луѓе. Сè поголем број етнички ерменски бегалци бегаат од Нагорно-Карабах откако Азербејџан минатата недела го зазеде спорниот регион, во кој живеат околу 120.000 етнички Ерменци.
Владата на Ерменија соопшти дека „на сите граѓани кои немаат однапред одредено место на живеење ќе им се обезбеди соодветно сместување“.
Ерменија е подготвена да ги прифати сите етнички Ерменци, сонародници кои имаат намера да го напуштат Нагорно Карабах, изјави претходно ерменскиот премиер Никол Пашинјан во своето обраќање до нацијата.
Најмалку 200 лица се повредени, а неутврден број луѓе загинале во силната експлозија што се случи во складиште за бензин недалеку од патот Степанакерт-Аскеран, јавија ерменските медиуми, повикувајќи се на службата за итни случаи на Нагорно-Карабах, пренесе БТА.
Причината за експлозијата се уште е нејасна. Сликите споделени на социјалните мрежи покажуваат голем пламен.
Политичарот Метаксе Хакобјан рече дека за време на инцидентот многу луѓе чекале за бензин на локацијата, бидејќи сакале да отпатуваат во Ерменија за да избегаат.
Раководството на 120 илјади Ерменци изјавија дека не сакаат да живеат под Азербејџан и дека ќе одат во Ерменија, бидејќи се плашат од прогон и етничко чистење. Раководството денеска соопшти дека имало метеж од правец Карабах кон Ерменија и дека на оние кои сакаат да заминат ќе им биде обезбедено бесплатно гориво.
Ново на Сител
-
Скопјанец ограбил казино и ја нападнал вработената
-
Возач на четирицикл од Куманово тешко повреден во Кавадаречко
-
Две лица на кошаркарски натпревар во Куманово нападнале играч и пробале да му го соблечат дресот
-
Двајца кумановци, управители на угостителски објект, пуштале гласна музика во денови на жалост за трагедијата во Кочани
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
-
Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола