Во ТЦ Табановце има 933 мигранти
Во Транзитниот центар Табновце во овој момент во има 933 мигранти и 362 мигранти се уште се наоѓаат на граничниот камен помеѓу Македонија и Србија, соопшти Горан Стојановски, координатор на ТЦ Табановце.
Дел од мигрантите се недоволно информирани и очекуваат границата веднаш да се отвори и да го продолжат патот кон северните земји. Надлежните од Центарот додаваат дека ќе се преземат напори да им се објасни одлуката и полека да започне процесот на враќање на овие лица во центарот. Сместените во Центарот, пак, недоволно се заинтересирани да заминат во тразнитниот центар во Гевгелија.
- Само двајца пројавија интерес да се вратат кон Гевгелија, нема расположение, овде се чуствуваат добро со сета понудена содржина на овој транзитен центар, но тоа не значи дека така ќе биде. После овие одлуки од страна на ЕУ и со Турција договорот, секако дека органите и телата на Владата на Македонија кои се задолжени за спроведување на кризната состојба ќе заседаваат и ќе донесат соодветни одлуки, ваква ситуација каква што е сега во Табановце, не може да се издржи понатаму, и верувам дека ќе нема пролоногирање и дека ќе има заземено соодветен став и одлука која ние ќе ја почитуваме, изјави Стојановски. Тој верува дека барем половина од овие луѓе ќе се префрлат во центарот во Гевгелија.
Инаку, денеска РЦУК во својот дневен билтен пренесе информација дека регистрирани се дополнителни два нови случаја на заболени лица од шуга во транзитниот центар Табановце.
Ново на Сител
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања
-
Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада
-
САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина
-
Бајден: Економскиот раст на Кина, Јапонија, Индија и Русија слабее поради ксенофобијата
-
Нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер