Во Тајланд патентиран ефикасен тестер на Дауновиот синдром
Научниците од тајландскиот Оддел за медицински науки денеска соопштија дека патентирале нов начин за тестирање на потенцијално заболените деца од Дауновиот синдром, за кој не е потребна анализа на клетките на родителите, ниту на плодот.
Тестот ќе се прави со инструменти комбинирани со делови што се произведуваат во Тајланд, но и во странство, а ќе се употребува специјална течност за реагенс.
По комплетирањето на опремата за тестирање, која може да потрае до шест месеци, ќе се екпериментира на неговата ефикасност на околу 200 доброволци. Резултатите од тестирањето ќе бидат познати за најмногу два дена, за разлика од сегашните на кои се чека неколку недели.
Во Тајланд годишно има по 500 случаи на новородени деца со Даунов синдром. На тестирање за можната опасност од оваа болест годишно се пријавуваат по 45.000 двојки, но сегашните конзервативни методи и недовлната обученост на кадарот дозволуваат тестови да се извршат на најмногу 20.000 брачни партнери.
Новиот тест треба да помогне бројката на заболени деца да се сведе на помалку од 100 случаи годишно. Со тестот одлуки за идниот пород ќе можат да носат брачни двојки кои генетски се потенцијални носители на синдромот, но поважно од тоа е што и кај новороденчињата поефикасно ќе се открива појавата на Дауновиот синдром, така што на време ќе можат да спречат појавите на оштетувањето на мозокот кај нив.
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО