Во Судан нападнат конвој на ОН со храна

Конвој на Светска програма на ОН за храна и УНИЦЕФ синоќа е нападнат во реонот Ал Кома, Северен Дарфур, додека се чекало одобрение да продолжи до крајната дестинација градот Ел Фашер. При нападот има и човечки жртви, но сè уште не е познат нивниот број.
Поради двегодишната граѓанска војна во Судан, главниот град на покраината Северен Дарфур, Ел Фашер се соочува со глад бидејќи се прекинати испораките на храна.
Две години почетокот на конфликтот во Судан, Ел Фашер, главниот град на покраината Северен Дарфур, веќе доживеал широко распространет глад бидејќи претходно биле прекинати испораките на храна. Нападите врз хуманитарните организации се чести
Регионот Ал Кома е под контрола на паравоените Сили за брза реакција (РСФ).
Од април 2023 година во Судан се водат борби за превласт помеѓу суданската армија и РСФ. Судирите избија поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт во Судан. Од воениот удар во 2021 година со Судан раководи Суверен совет составен од армиски генерали.
РСФ е под команда на потпретседателот на Советот, генерал Мохамед Хамдан Дагал, а армијата ја предводи генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој е претседател на Суверениот совет. Според предложената транзиција кон цивилна влада, РСФ ќе биде интегрирана во суданската армија. РСФ бараше транзицијата да биде одложена за 10 години, но не се согласи армијата.
РСФ се составени од припадници на полицијата Џанџавид, обвинети за злосторства за време на долгата и смртоносна војна што започна во 2003 година во Дарфур, западен Судан, исто така е обвинета дека била вклучена во задушувањето на бунтот против диктаторот Омар ал Башир кон крајот на 2018 година, што кулминираше со неговото соборување од власт во април 2019 година.
Војната во третата по големина африканска држава предизвика најголемата хуманитарна криза во светот, а РСФ и армијата се обвинети за масовно кршење на човековите права. Од почетокот на конфликтот помеѓу суданската армија и загинаа десетици илјади луѓе, а повеќе милиони се раселени.
Според податоци на Обединети нации, Судан е една од најлошите хуманитарни катастрофи во светот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
-

Лажни возачки за камиони и автобуси – внатрешната контрола на МВР истражува
-

Годишните извештаи на Совет на ЈО и Републичкото обвинителство за 2025 пред пратениците
-

Владата преговара со 5 до 6 потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри
-

Дурмиши: Цените во маркетите засега се стабилни, инспекциите продолжуваат
-

Потпишан договорот за гасоводот Македонија-Србија, инвестицијата вреди 29,4 милиони евра
