Во Струмица почна третата фаза од Програмата за урбани партнерства на Светска банка
Општина Струмица ја започна третата фаза од Програмата за урбани партнерства на Светска банка со учество на градоначалникот Коста Јаневски на дводневниот симпозиум на градоначалници, што се одржа во Виена, Австрија, соопштија од општина Струмица.
Во оваа програма Општината учествува од 2011 година, применувајќи ги двете алатки за финансиско самооценување и урбана ревизија, а профилот на општина Струмица излегува двапати во брошурите, што Светска банка ги објавува за напредокот на општините во првата и втората фаза од проектот.
- Основната тема на Симпозиумот беше одржлив и инклузивен урбан развој во Југоисточна Европа- „Градови за луѓето“, со фокус на раководството на градот, одржлив локален развој, отчетност и учество на јавноста во подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, информираат од општина Струмица.
Симпозиумот, на кој учествуваа над 150 претставници од централната и локалната власт, здруженија на локалната самоуправа и претставници на граѓанското општество и бизнис заедницата од Југоисточна Европа, беше одлична можност да се споделат искуствата од напредокот и иновациите во општинските финансии, урбанистичкото планирање, управувањето со земјиштето и вклученоста на граѓаните во тие области, сметаат од Општина Струмица
Ново на Сител
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
