Во Струмица ќе бидат изложени моштите на Св.Василиј
Во црквата „Свети Кирил и Методиј“ вечер и утре ќе бидат изложени моштите на Свети Василиј. Веднаш по богослужбата, која почнува во 16 часот ќе бидат извадени моштите на светецот и ќе бидат оставени за поклонение на верниците, информираат црковните лица.
- Струмица е привилегирана што има дел од моштите на Свети Василиј, столбот на светото православие, рече отец Димитар Крцев од Струмичката православна епархија.
По повод христијанскиот празник посветен на Свети Василиј, богослужба ќе има и в четврток од седум часот, а еден час подоцна ќе започне Света Божествена Литургија.
Служби во црквата ќе има и в петок на 15 јануари, денот посветен на Свети Серафим Саровски, ќе се изврши помазание со свето масло од моштите на светителот од неговиот манастир во Русија.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце