Во сообраќајката кај ТЦ „Зебра“ загина новинарката Сузана Тодоровска Павловска

Во сообраќајна несреќа синоќа загина Сузана Тодоровска Павловска, новинар во Македонското радио.
Таа го загуби животот пред ТЦ „Зебра“, откако во неа удри патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски таблички, управувано од возач од Скопје (1978). Во несреќата возилото излегло надвор од коловозот, удрило во метална ограда, скали и во излог од еден од локалите на улицата „Народен фронт“. Како последица на несреќата, Тодоровска Павловска им подлегнала на повредите, а возачот и сопатникот на патничкото моторно возило се здобиле со полесни повреди.
Од страна на увидна екипа на СВР Скопје раководена од јавен обвинител извршен е увид на кој присуствуваа и овластено лице од судска медицина и вешто лице по сообраќајни незгоди. Од самото место, покрај увидот, земени се траги, материјали и возилото за вештачење заради утврдување на причините поради кои е дојдено до сообраќајната незгода.
Тодоровска Павловска е родена на 30 март 1965 година во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет, Институт за психологија, а од 1991 година редовно е вработена во вториот програмски сервис на Македонското Радио.
Со нејзиниот професионален новинарски ангажман, посветеност и одговорност, во 1998 година доаѓа на местото уредник во редакција. Десет години подоцна е назначена за главен и одговорен уредник за вториот програмски сервис – Радио 2, функција која успешно ја извршуваше во следните три години.
Во центарот на нејзиниот богат новинарски опус беа културните настани, а главен интерес и беа филмската уметност и подвижните слики на кои им го посвети најголемиот дел од својата кариера.
Погребот ќе биде извршен утре, на гробиштата во Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
