Во Собранието свечени изјави на новоизбраните членови на ДИК
Новоизбраните членови на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе даваат свечени изјави пред претседателот на Парламентот Талат Џафери. Претседател на ДИК ќе биде Александар Даштевски, а потпретседателка Дитмире Шеху. Членови на комисијата се и Борис Кондарко, Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Бобан Стојановски и Кренар Лога.
Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува денеска, а него во изминатиот период го предводеше Оливер Деркоски, а негов заменик беше Шеху.
Новиот состав на ДИК беше избран со консензус на 31. собраниска седница во вторникот. Првиот предизвик на овој состав на ДИК е организирање на локалните избори што треба да се одржат наесен. Претседателот на ДИК Даштевски доаѓа на оваа позиција со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, како и членот Стојановски. Кондарко и Ристеска, на кои ова ќе им биде втор последователен мандат се поддржани од СДСМ како и Ристовски. Кондарко беше член на Комисијата и во други два состави. Дитмире Шеху е предложена повторно на истата функција од ДУИ, а Кренар Лога доаѓа во ДИК како предлог на Алијансата на Албанците.
Ново на Сител
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
-

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие
